Повеќе од половина од работите на автопатитштата што ќе ги градат Бехтел и Енка ќе ги прават домашни комапнии, што значи дека кај нив ќе завршат околу 600 милиони евра, вели координаторот на проектот Артан Груби. Домашните бизнисмени бараат да не се „измеќари за свои пари“.
Домашните бизнисмени прашуваат – Зошто македонските компании не се вклучени повеќе во проектите за изградба на автопатиштата од Коридорите 8 и 10 Д , што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Проектот е вреден најмалку 1,3 милијарди евра.
Бизнисмени од Стопанска комора отворија дилеми и за тајните клаузули, ризиците, бенефициите…
Комората еднаш месечно организира дискусија на актуелни теми, а на 25 април се разговараше за автопатиштата што треба да ги гради американско- турскиот конзорциум Бехтел и Енка.
Темата за автопатиштата е актуелна во последните месеци. Овој проект од самиот почеток го следат контроверзии. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали со фирмите за надзор.
Повеќе на РСЕ










