Докторите во Центарот за менаџирање на дебелина во болницата „8-ми Септември“ едвај постигнуваат да ги прегледаат сите пациенти кои минатиов месец добиле упат од матичен со дијагноза – обезност. Една третина од прегледаните се тинејџери.

Центарот за менаџирање на дебелина кој се отвори во рамки на градската општа болница „8-ми Септември“ работи турбо. За нешто повеќе од еден месец откако се отвори, прегледани се над 260 пациенти. За да дојдат овде тие добиле упат од матичен лекар со дијагноза на обезност или Е66.

„Имаме голем одзив и можам да ви кажам и дека не можеме да постигнеме. И јас се чудам колку пациенти сме имале во Македонија. Претходно овие пациенти не се појавувале во нашите установи. Голем дел од нив или избегнувале или не сакале да зборуваат на оваа тема, за болеста. И досега за жал можам да кажам дека и ние како лекари не сме обраќале големо внимание на обезноста како причина за многу болести кои ги лекуваме. Всушност сме ги лекувале само компликациите на обезноста, додека основниот проблем, сѐ уште, еве, постоел“, изјави за РСЕ доц. д-р Танер Хасан, ендокринолог во болницата.

Повеќе на РСЕ