Замрзнати цени, одмрзнати гласови

by Administrator

Неполн месец по замрзнати цени ќе се продаваат домати, пиперки, грав, банани… Анализите покажале дека овие производи се продавале со маржи и над 200 отсто. Бизнисмените негодуваа, а економските аналитичари не гледаат никаква стратегија и велат дека се работи за популистички мерки.

Од сега по замрзнати цени ќе може да се купат и банани, лимони, карфиол…

По замрзнувањето на цената на лебот, па потоа и тестенините, млечните производи, јајцата, оризот и хигиенските средства, владата на 3 април одлучи да ги ограничи цените и на дел од овошјето и зеленчукот.

Замрзнати се цените на 11 овошки и зеленчуци (домати, краставици, пиперки, кромид, карфиол, грав, леќа, банани, портокали, мандарини, лимони).

Сепак, се чини дека ефектот од замрзнувањето на цените на јужното овошје ќе биде незначителен, со оглед на тоа што граѓаните во просек јадат по килограм банани и помалку од половина килограм портокали месечно.

Според податоците на Царинската управа, минатата година во Македонија биле увезени над 23 милиони килограми банани, 8,2 милиони килограми лимони, 8,4 милиони килограми мандарини и скоро 10 милиони килограми портокали.

Ако тие количини се поделат на 12 месеци, па потоа и на 1,8 милиони жители, испаѓа дека секој граѓанин во просек месечно јаде по над 1 килограм банани, 370 грама лимони, 380 грама мандарини и 440 грама портокали.

Но тоа не е сè, листата може да се зголеми, а министерот за економија Крешник Бектеши побара помош од граѓаните тие да ја надополнат со производи на кои треба да им се замрзне цената.

Бектеши вели дека новата одлука ќе стапи на сила на 5 април, а ќе трае до крај на месецот. Сега на пример цената на бананите се движи од 79 до 91 денар, а со новата одлука не треба да се продаваат по цена повисока од 70 денари.

Повеќе на РСЕ

You may also like