Странските работници се од соседството, на прсти се бројат тие од Азија

by Administrator

Oд почетокот на годината Агенцијата за вработување издала работни дозволи на две лица од Непал и 10 од Пакистан, од Бангладеш немало заинтересирани. Најмногу дозволи се издаваат на работници од соседството и од Турција. Во Македонија има сè помалку луѓе кои може да работат, па еден од начините е да се увезат работници од странство. Но за тоа е потребен добар план.

Нема да биде лесно во Македонија ни да се увезат работници од странство. Потребна е стратегија и добро планирање, зашто работата може лесно да се изјалови, велат луѓето упатени во бизнисот, по најавите на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи дека проблемот со недостигот на работници ќе се решава со „увоз“ на работна сила од Југоисточна Азија, каде што има пониска просечна плата од македонската.

Во Македонија има над 110 илјади невработени, но работодавачите се жалат дека или се неквалификувани или не сакаат да работат за тие пари што се нудат.

Зоран Кочоски од Агенцијата за посредување при вработување, Коузон вели дека најмалку 2000 евра ќе го чини работодавачот за да донесе работник од Непал, Пакистан или Бангладеш. На тие работници треба да им се купи авионска карта, да им се обезбеди работа, работна дозвола, сместување и тој работник треба да се задржи на работа најмалку три месеци.

„Го познавам менталитетот на тие луѓе, не сакаат тие да дојдат во Македонија, идејата им е кога ќе дојат на тло на Европа, да побегнат за Германија“, вели Кочоски, кој повеќе од две децении се занимава со посредување при вработување.

Повеќе на РСЕ

You may also like