Ученичката организација „Orce Talks“, од гимназијата „Орце Николов“ ја отвори дилемата која ги мачи дел од средношколците – дали да останат дома за студии или да заминат во странство? По дискусијата, некои се откажале од идејата да си одат, но има и такви кои ништо не ги предомислува.

Ако заминам ќе биде беља, а ако останам ќе биде бетер – велат лондонските панкери Клеш во нивната култна „Should I stay or should I go“ (Да останам или да си заминам). За оваа дилема дебатираа и средношколците од гимназијата Орце Николов, на настан организиран од ученичката организација „Оrce Talks“, со намера на младите да слушнат различни гледишта.

Средношколецот Бодан Ш. имал план да замине на студии надвор од Македонија заради подобри опции натаму во животот. Се предомислил откако го слушнал искуството на наши студенти во странство кои учествувале во дискусијата.

„Многу луѓе кажаа дека им било тешко тоа што биле одделени од фамилијата. Бидејќи сум близок со мојата фамилија, мислам дека тоа тешко и лошо би ми влијаело на мене и на моето ментално здравје“, вели младиот Бодан.

Повеќе на РСЕ