Брзината на дел од пругата Скопје – Велес е ограничена на 20 километри на час. Со оваа брзина човек не мора да се секира за промаја. Башка може да го стигне возот ако му избега, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Дете да пратиш на екскурзија, полнолетно ќе се врати.

За педесетина километри со воз од Скопје до Велес се потребни два часа, маратонците за толку време ќе стигнат со трчање. Ако човек оди пешки, во Велес ќе стигне за десетина часа, но до тогаш возот може да биде веќе во „далечната“ Битола, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје – Велес.

„Максималната брзина на пругата Скопје – Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување“, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.

Наместо еден час, патувањето сега ќе трае скоро 2 часа.

Повеќе на РСЕ