Синдикатите бараат повисоки плати, обуки и унапредувања за вработените да останат. Ако во одделение од петмина, само еден е магарето, а другите дремат, тоа не е место каде што можеш да привлечеш амбициозни луѓе, вели професор Драган Гоцевски за одливот на стручните работници од администрацијата.
Стручните и работливите почнаа да бегаат од администрацијата, што не е случај со партиските клатачи на врата. До пред неколку години властите се жалеа на недостиг на информатички кадар, но сега почнуваат да фалат различни профили квалификувани вработени.
Двајца судии избегале од Македонија да работат како камионџии во Германија, велат во Синдикатот, па што останува за другите. Дел од административците заминуваат во приватниот сектор, каде што платите се повисоки, а други заминуваат во странство. Оние на коишто им фалат пари, а не сакаат да ја напуштат земјава, летно време земаат неколку месеци неплатено, па сезонски работат во странство, за со тие пари да може да преживеат.
Синдикатите се жалат , но и властите потврдуваат дека се случува масовно заминување на стручни кадри од јавниот сектор. Министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска вели дека имаме гломазна администрација, но на едни места има превработеност, а на други фалат работници.
Повеќе на










