Владата денеска ја замрзна цената на белиот и полубел леб од 450 грама на максимум 33 денари. Донесена е и одлука да се укине повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија, затоа што не ги намалиле цените. Едни обвинуваат за популизам, други за воено профитерство.

Популистички потег за зголемување на личниот рејтинг на министерот за економија Крешник Бектеши или борба против „воените профитери“ меѓу производителите и трговците со храна?

На предлог на Министерството за економија, Владата одлучи да ја ограничи цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на максимум 33 денари. Пекарите се заканија дека ако одлуката биде усвоена, тие нема веќе да носат леб во продавниците.

Одлуките за лебот и укинувањето на повластената струја ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

„Владините мерки за поддршка не се донесоа за едни да бидат повластени на сметка на други, за некој да се богати, за поединци да имаат бенефит и за да се удри по џебот на граѓаните, туку со единствена цел – да се намалат цените на основните производи и да им се помогне на граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.

Повеќе на РСЕ