Ваквата одлука била донесена на денешната владина седница како израз на солидарност и почит кон загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, чиј број, според последниот биланс, се искачи на над 29 000

Националното знаме на земјава утре ќе се вее на половина копје.

Владата одлучи утрешниот ден (13 февруари) да го прогласи за ден на национална жалост во чест на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред неполна седмица ги погоди Турција и Сирија.