Секоја година државата се задолжува за да врати стари долгови. И со последната еврообврзница ќе се враќаат долговите и каматите за еврообврзницата од 2016 година. Но, оваа еврообврзница е со поголема камата од издадената пред седум години. Од 2025 до 2027 за враќање доспеваат неколку милијарди евра.
Деветта по ред еврообврзница издаде земјава во вредност од 600 милиони евра за враќање на стари долгови кои доспеваат за отплата. Од Министерството за финансии информираа дека годинава ќе треба да се исплатат 594 милиони евра за главница, како и 138 милиони евра за камати.
Од овие пари, најголемиот дел отпаѓа на исплаќање на обврзницата издадена во 2016 година, и за која треба да се исплатат 450 милиони евра или дополнителни 25 милиони евра.
Повеќе на РСЕ









