Промената на регистарските таблички на автомобилите со нова ознака НМК, која произлегува од Преспанскиот договор, според пресметките на РСЕ вкупно ќе ги чини граѓаните 11 милиони евра. МВР ги набавило табличките по 470 денари, а граѓаните ќе ги платат по 1.200 денари.
Промената на регистарските таблички во текот на годинава со ознака НМК наместо досегашната МК ќе ја платат граѓаните во државната каса. Оваа обврска за граѓаните произлегува од Преспанскиот договор кој државата го потпиша со соседна Грција на 17 јуни 2018 година за промена на името во Република Северна Македонија, по што се овозможи влез во НАТО.
Овој договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година, што значи дека личните документи, патните исправи и регистарските таблички треба да бидат сменети до 12 февруари 2024 година.
„Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК“, пишува во Преспанскиот договор.
Повеќе на РСЕ









