Куманово донира 1 милион денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

by Administrator
Како Градоначалник на Општина Куманово предложив Одлука за доделување на парична помош од Буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, која беше едногласно прифатен од Советот на Општина Куманово на вонредната седница на Советот која се одржа денес.
Средства во износ од 1 милион денари ќе бидат распоредени по 500 илјади денари на двете држави, наменети за настраданото население од земјотресот кој се случи на 06 февруари 2023 година.
Општина Куманово во духот на хуманоста и солидарноста ќе продолжува да помага на сите народи и држави во вакви исклучително тешки моменти согласно можностите.
Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија!

You may also like