Советот на општина Тетово на вонредната седница одржана денеска додели средства во вредност од 1 милион денари во овие тешки денови за турскиот и сирискиот народ.
Дополнително, беше изгласан предлог за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување помош за земјите погодени од земјотресот.
Ќе се формират пунктови каде граѓаните ќе можат да им помагаат на турските и сириските граѓани со облека и различни работи според нивната волја и можности.
Исто така, наскоро ќе биде отворена и посебна жиросметка на која граѓаните кои можат да си ја дозволат ќе можат да помогнат со финансиски средства.









