Њузлетер 27.01.2023 – Како и зошто дојде до толкаво заострување на македонско – бугарските односи? Кому е од интерес разгорување омраза меѓу двата народа?

Гоце Делчев стана безбедносен проблем

Како го разбираат светот некои од денешните политичари и во Македонија и во Бугарија? Сигурно не како поле за културен натпревар меѓу народите. Да не зборуваме за оние најрадикалните, кои се закануваат дури и со атентати.

Тензиите меѓу двете земји, интензивирани во последно време, дојдоа дотаму што одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев стана безбедносен проблем. Реториката се заострува, зачестуваат инциденти. Американската амбасадорка Анџела Агелер порача дека е од критична важност разговорите меѓу Скопје и Софија да бидат смирени и рационални. Според претседателот Пендаровски, има и „руско масло“ во разгорувањето на реториката.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија ги блокираше македонските евроинтеграции поради историски, јазичен и идентитетски спор. Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа условено. Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав, за што во моментов го нема потребното двотретинско мнозинство.

Повеќе на РСЕ