Од раните утрински часови во храмот Рождество на Пресвета Богородица со света литургија, започна празнувањето на еден од најголемите христијански празници Богојавление Водици.
По завршувањето на литургијата прво се осветува вода во самиот храм, а подоцна и водите во околина на храмот.
Со литија од храмот верниците се упатија кон мостот Слобода а архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со завршните зборови „Бог се јави“ го положи светиот крст во реката Вардар и на верниците им порача да ги прати мир и благосостојба.
На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година.
Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
На манифестацијата во централното градско подрачје учествуваа околу 130 верници а првиот кој стигна до светиот крст е Кристијан Нинески.
Со поздравот „Бог се јави“ – „Навистина се јави“ граѓаните го празнуваат Водици.
Празникот Богојавление Водици народот го празнува како еден од најголемите христијански празници,затоа што на овој ден Свети Јован го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Во храмовите се извршува света литургија а присуството е значајно.











