Во Македонија стана „нормално“, секоја зима, луѓето да живеат во услови на енормно загадување. Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки животи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро.
„Постојат решенија, но, тоа што не постои моментално е волјата на властите. За жал и оваа власт не успеа да го стави во прв план зачувувањето на животната средина, а со тоа, уште поважно, да се грижи за здравјето на граѓаните на Македонија“, вели Аријанит Џафери, од здружението Еко Герила.
Корупцијата ги „изеде“ капиталните проекти
Нормална работа во Македонија е и корупцијата, и тоа крупната. Милиони евра годишно се излеваат од буџетот низ коруптивни канали. Ако државата ревносно ги „затнува тие одливи“ ќе има пари за многу ветени, а нереализирани проекти. Се проценува дека годишно „се крадат пари“, колку за еден Клинички центар, или пак колку за пруга кон Бугарија, автопат до Охрид, до Блаце…
Повеќе на РСЕ










