Ниту среќна, ниту весела не беше 2022. Годината ја одбележаа високите цени на храната, скапата струја и парно, протестите против Францускиот предлог, против бугарските клубови, а протестираа и студентите. Превозниците, пак, блокираа. Македонија сепак почна преговори со ЕУ, а СПЦ ја призна МПЦ.

Новата година ни донесе нова влада на чело со премиер кој граѓаните не го гласаа на избори. Собранието доцна на 16 јануари 2022 избра нова влада, а Димитар Ковачевски стана премиер.

„Легитимитетот на Владата е неспорен, и со зголемената поддршка на мнозинството одржливо во следните две ипол години. Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но во 2024 година. До тогаш ќе работиме посветено на економијата и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните“, рече Ковачевски на 16 јануари.

Седница на Собранието на Македонија за избор на новата Влада предводена од мандатарот Димитар Ковачевски. 15.01.2022.

Повеќе на:РСЕ