На сметките за струја владата почна да се фали дека да не биле тие, сметката ќе била уште повисока. Аналитичарите велат дека се работи за политички маркетинг, но премиерот Димитар Ковачевски вели дека граѓаните треба да знаат. Тоа не ниту пропаганда, ниту флаер, вели Ковачевски.

Половина од новата декемвриска сметка за струја покрива владиното соопштение дека да не биле субвенциите, сметката ќе била за 73 отсто повисока. Слична порака има и на новите сметки за парно. Таму, пак, има точна пресметка колку изнесува владината субвенција на сметката. Досега во сметките за струја и парно немаше вакви известувања.

Аналитичарот Џељал Незири вели дека последните анкети на јавното мислење, кои покажуваат големо намалување на рејтингот на владата, веројатно го вклучиле алармот кај нивните ПР експерти, па можеби на ваков начин решиле да направат нешто за подобрување на угледот на владата.

„Се поставува прашањето колку е тоа етички. Дали со парите коишто доаѓаат од даночните обврзници и се враќаат во вид на субвенции кај истите тие даночни обврзници, односно граѓаните, би можело да се прави една таква реклама, тоа мислам дека не е во ред“, вели Незири.

Повеќе на: РСЕ