Во Скопје отворени новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар

by Administrator

Бугарскиот културно информативен центар од амбасадата на Бугарија се пресели во нови простории во строгиот центар на Скопје на улицата Никола Јонков Вапцаров.

Со мала свеченост и сечење на лента пред новото седиште на Центарот кој е под капата на бугарското Министерство за култура. Во Центарот е отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Македонија и Бугарија.

Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година, ист таков македонски културен центар со години работи во Софија. На отворањето присуствува беше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков, ресорно министерство во кое е и Бугарскиот КИЦ.

Целта на овие културно инфотмативни центри како и што ги има македонија надвор од државата сличен на овој е за ширење и промоција на културата, како и зближување со другите народи, а тоа е всушност една и од европските вредности смета министерката за култура на Македонија Костадиновска.

Пред отварањето и за време на настанот улицата Никола Јонков Вапцаров беше под силно полициско обезбедување, и полицајците наредени во кордон не пропуштаа никој да помине додека траеше отварањето.

Засиленото обезбедување е веројатно поради нападот врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од пред два дена кога беше пукано со пиштол, а пред шест дена беше гаѓан со цврсти предмети при што му настрадаа излозите. Целиот настан за отварањето на новите простории на бугарски центар во Скопје помина без инциденти.

You may also like