Во Европската унија стануваат погласни барањата за укинување на ветото на земјите членки во надворешната политика. Тоа главно, би се однесувало на приемот на нови членки во Унијата. Дали тоа ќе значи побрз пат за влегување на Северна Македонија во Европската унија?
Соочена со новите предизвици од војната во Украина, Европската унија тешко донесува одлуки како да се справи со нив. Натегањето меѓу членките постојано се заканува со неуспех на акциите и со болни компромиси, но и со екстремни барања на некои од нив, гледајќи шанса да ги остварат нивните интереси. Затоа во унијата наголемо се размислува за менување на правилата во решавањето за важни прашања, при што најмногу се мисли на оние геостратегиските, како воените закани или проширувањето на Унијата.
Руската инвазија на Украина веќе го стави на тест системот на едногласност, во време кога брзата акција е уште понеопходна. Неодамна германскиот канцелар Олаф Шолц цврсто застана зад укинувањето на ветото за земјите од Европската унија во областа на надворешната политика и оданочувањето за да се забрза заедничкото одлучување.
„Но, онаму каде што сега е потребно едногласност, ризикот една земја да ги спречи сите други да напредуваат со своето вето се зголемува со секоја нова земја-членка. Да се верува поинаку значи да се негира европската реалност. Затоа предложив постепена транзиција кон мнозинско гласање во заедничката надворешна политика, но и во други облас
Повеќе на РСЕ









