Македонските власти повторно пречекаа странски гостин со згрешено знаме. Овој пат, словенечката министерка за надворешни работи беше пречекана со словачко знаме. Нашето досега го немаат згрешено, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, предлагајќи административците да вежбаат брза географија.
Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон завчера беше во Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи ја пречека со знамето на Словачка.
Словачка, Словенија, кој ќе ги разликува. Плус знамињата им се скоро исти – бело, сино, црвено. Се разликуваат само грбовите на знамето.










