Капацитетите за производство на струја со децении се занемарени, а не се инвестира во нови. Земјава увезува една третина од струјата што ја троши, а нема ни доволно енергенси за производство. По руската агресија врз Украина, цените на струјата и природниот гас во Европа драстично се зголемени.

Македонија не произведува доволно струја за да ги задоволи своите потреби, па кусокот го надополнува со увоз. Минатата година една третина од потрошената струја била од увоз, со што Македонија е енергетски најзависна држава во регионот. Најголемите кусоци се појавуваат зимно време, кога потрошувачката е многу поголема, со оглед на тоа што секое трето семејство се грее на струја.

Податоците на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека домашното производство на струја е намалено за една четвртина во изминатата деценија, а производството во државните капацитети е речиси преполовено.

„Причините за трендот на намалување на производството во термоелектроцентралите се многубројните дефекти и прекини во работата на РЕК Битола, намалување на ископаните количества и на квалитетот на јагленот во РЕК Битола, приближување кон крајот на животниот век на термоелектроцентралите и несоодветните инвестиции, намалување на ефикасноста во работењето и друго“, стои во извештајот на Регулаторната комисија за енергетиката.

Повеќе на РСЕ