Високите сметки за струја можат да им ставаат клуч на врата на големите комбинати. За да не дојде до тоа, тие очекуваат да бидат дел од пакетот помош од Владата. Синдикатите предупредуваат дека ударот врз големата индустрија може да има катастрофални последици за економијата. Од Владата велат дека во моментов преговараат со неколку земји за увоз на стуја за помош на стопанството.
Скапата струја почнува да го затвора големиот бизнис. Поради кризата загрозени скоро сите комбинати кои набавуваат струја на слободниот пазар. Компанијата „Еуроникел Индустри“, која управува со фабриката за преработка на никел во Кавадарци (ФЕНИ), веќе ја угаси печката и голем дел од вработените се пратени на принуден одмор.
Вработените во „Еуроникел Индустри“ официјално пред еден месец биле испратени на принуден одмор до 15 декември и дотогаш ќе добиваат 70 отсто од платата, според Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР).
Поради високата цена на струјата, од почетокот на месецов и рудникот за бакар „Боров Дол“, поранешен Бучим од Радовиш, е во застој каде исто така работниците се пратени на принуден одмор со 70 отсто од платите.
Повеќе на:РСЕ










