Премиерот забранил јадење морски плодови и апетисани во државните ресторани и бифеа. Не спомена ништо за свинско и телешко. Граѓаните на социјалните мрежи „плачат“ за горката судбина на функционерите, кои сега ќе мора да јадат ребра и бифтеци за мали пари, па може да им се качи холестеролот.

Премиерот Димитар Ковачевски забранил да се набавува и да се користи морска храна, бадеми и лешници во рестораните и бифеата на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Тука спаѓаат рестораните и бифеата во Владата, министерствата, кај претседателот на државата, секретаријати и други стручни служби и во Уставниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање на синоќешната прес-конференција во Владата, Ковачевски рече дека парите, предвидени за морска храна и апетисани, ќе бидат насочени за финансиска поддршка на најранливите категории граѓани со ниски примања.

Па имаш ли душа премиере, иронично прашуваат граѓаните на социјалните мрежи. Функционерите мора здраво да се хранат, вака може да им се качи холестеролот.

Повеќе на РСЕ