Пензиите растат, но пензионерите се револтирани бидејќи инфлацијата им го јаде покачувањето. Најголем ќар ќе имаат тие со максимални пензии, над 4.000 денари месечно на сметка. Минималните пензии пак ќе пораснат по околу 700 денари.
Пензионерите се револтирани од покачувањето од 6,8 % кое ќе го добијат со месечната пензија, бидејќи како што велат, со 1000 денари во просек на сметката не можат да купат скоро ништо. Најзагрижени се оние со минималните пензии, кои ќе добијат околу 700 денари покачување, но во ништо подобра позиција не се ниту пензионерите кои земаат просечна пензија.
Таа годинава во земјава изнесува 16.348 денари, а со септемвриското покачување од 1.112 денари, ќе стигне до 17.460 денари.

Повеќе на РСЕ








