Партијата Левица тврди дека има договор со ВМРО-ДПМНЕ целосно да го парализираат Парламентот ако претседателот Џафери ја отфрли нивната иницијатива за референдум. Лидерот на опозицијата Мицкоски ја поддржа иницијативата, но не кажа дали ќе го блокираат Собранието. За власта, еднонационални референдуми можат да бидат опасен преседан за државата.
Собранието повторно е под закана од блокада. Причината е најавата за нова иницијатива за референдум, откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли претходната поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот со Бугарија.
Новата инцијатива ја најави партијата Левица, која има двајца пратеници во Парламентот, без да прецизира како ќе гласи референдумското прашање.
Но, од партијата се заканија дека целосно ќе го парализираат Собранието ако Џафери ја одбие и оваа иницијатива и дека за тоа се договориле со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите комисии и на сите пленарни седници“, изјави пратеникот на Левица Борислав Крмов.
Повеќе на РСЕ










