Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува пратениците да се водат од интересот на државата, а не од дневната политика за донесување на уставните измени, односно внесување на Бугарите во Преамбулата со цел да се комплетира фазата за отворање на преговорите со ЕУ.

Потребата за уставни измени не е заради потребата на парламентарно мнозинството, туку е потреба на државата за да може да го преземе и да го изоди патот кој е определен пред три децении, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за РСЕ кое целосно ќе се емитува в недела на прашањето дали ќе ги стави во собраниска процедура уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Преамбулата кои се услов за почеток на преговорите со ЕУ доколку претходно не е обезбедено потребното дво-третинско мнозинство.

И во тој контекст сметам дека сите треба да рефлектираат по однос на интерес на државата и на граѓаните, а на по интерес на политичките партии и во смислам на дневна политика, борба за гола власт да се менува власта, туку во секој случај која и власт да дојде ќе мора да го изоди тој пат“, вели Џафери.

Првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија се одржа на 19 јули и по неа веднаш започна скринингот кој е предвидено да трае година и половина. По негово завршување треба да се одржи и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со донесување на уставните измени.

Без опозициски пратеници тешко до дво-третинско мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени и најави дека нема да гласа за нив, а Уставот не може да се смени само со просто мнозинство, односно потребни се и гласови од пратениците од опозициската партија.

Повеќе на РСЕ