Владата прогласи енергетска криза

by Administrator

Владата во четврток вечерта донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор која ќе важи од 1 септември. За тоа какви мерки ќе се преземат да му се помогне на стопанството дополнително ќе се одлучува, велат за РСЕ од Министерството за економија.

Од први септември во сила стапуваат две владини одлуки, а тоа се кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. Кризната состојба на ниво на град Скопје е прогласена поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората одлука која се однесува на целата територија е донесена поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, се вели во владиното соопштение.

Повеќе на РСЕ

You may also like