Wednesday, April 29, 2026
Home Македонија ВИДЕО и ФОТО Македонија ги почна преговорите за членство во ЕУ

ВИДЕО и ФОТО Македонија ги почна преговорите за членство во ЕУ

123
0
Денот низ фотографии во Брисел
Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Брисел имаа заеднички состанок со Претседателката на европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и со премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник од чешкото претседателство.
Ковачевски упати искрена благодарност, како што рече, до сите наши пријатели во Европската Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на Северна Македонија.
https://youtu.be/6ZRiO3K5wR4
Извор:НОВАТВ