Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в четврток ќе се обрати на собраниската седница на која собранието треба да расправа за „францускиот предлог“.
Пратениците денеска преку СМС-порака биле информирани дека седницата на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи в четврток во 13 часот.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери ја закажа 80-тата седница на Собранието за в четврток во 13 часот, но во дневниот ред стои само:
„На оваа седница на Собранието на Република Северна Македонија ќе се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен“.
Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.
Повеќе на РСЕ










