Според Календарот на Исламската заедница во Македонија, првиот ден на Курбан Бајрам е утре, 9 јули 2022 година.

Бајрам намаз ќе се клања во 06:00 часот.

Курбан Бајрам, кој доаѓа два месеци и десет дена по Рамазан Бајрам, трае четири дена. Она што е посебно за овој празник е што се принесува жртва- курбан, а месото се дели на сиромашни семејствва, пријателите и луѓето со послаби финансиски услови.

Курбан Бајрам уште се нарекува и Хаџ Бајрам затоа што муслиманите од целиот свет одат во Мека за да извршат една од петте основни исламски должности – Хаџ.

Нека ни е честит и за многу години!