Дуќанџиите од Градски Трговски Центар утре на протест пред Влада

by Administrator

Утре на пладне пред Влада Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ ќе одржи протест. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, како што велат на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата.

Здружението на сопственици бараат директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ, договори за водоснабдување со питка вода со лиценциран снабдувач, времено затворените дуќани да плаќаат елементарна такса за одржување и да се исклучат од системот за греење/ладење и климатизација, АД ГТЦ за деловниот простор што го има во сопственост да плаќа исти давачки како што плаќаат сите други сопственици (грееење, ладење, климатизација, електрична енергија, вода,комунален отпад, одржување).


Nova Tv

You may also like