Tuesday, August 25, 2026
Home Македонија Рекорден број повторувачи кои „паднале“ година во учебната 2021/2022

Рекорден број повторувачи кои „паднале“ година во учебната 2021/2022

0
154

Минатата учебна година евидентирани се 118 ученици кои ја повторувале годината, а во учебната 2021/2022 година, оваа бројка изнесува 261, пишува Meta.

Ако се погледнат бројките што ги објавува Државниот завод за статистика, се забележува дека годинава бројот на повторувачи е највисок, иако од година в година вкупниот број на ученици се намалува.

Во учебната 2017/2018 имало 187 ученици повторувачи, а во 2018/2019 – 194 повторувачи, во 2019/2020 – 260 повторувачи.


Nova Tv

Previous articleД-р Абдул Азиз: „Несакани регионални последици, од војната, во Украина“
Next articleГрција и Кипар по над 20 години одново се поврзуваат со редовна бродска линија