Saturday, August 15, 2026
Home Македонија Од полноќ дизелот поскапува за два денари
Gasoline and diesel distributor at the gas station. Gas pump nozzles. Petrol filling gun close-up at the gas station. Colorful Petrol pump filling nozzles. Fuel pump

Од полноќ дизелот поскапува за два денари

0
360

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува иста, односно ќе се продава за 105 денари за литар.

Исто така, малопродажната цена на мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 56,3 денари.

Previous articleСловенија ја отстранува оградата на границата со Хрватска поставена поради бегалците
Next articleЕУ воведува нови бариери – граѓаните од земјите кои не се членки ќе влегуваат со најава и со плаќање