Tuesday, April 21, 2026
Home Македонија РКЕ со презентација на анализата за реформа на тарифниот систем за електрична...

РКЕ со презентација на анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија

0
200

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “.

Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.

„Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите“, велат од РКЕ.

Оттаму посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (7 до 22 часот), додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22 до 7 часот) и недела ќе се применува иста цена.


Nova Tv