Македонија, Црна Гора, и Бугарија го забранија прелетувањето на авионот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој утре ќе го посети Белград, потврдија неофицијални извори од државниот врв на Србија.
Воедно, од кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштија дека утре во 10 часот ќе се сретне со рускиот амбасадор во Белград, Александар Бочан-Карченко.
Да потсетиме, премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека ситуацијата околу доаѓањето на министерот Лавров во Белград е „исклучително комплицирана“ и дека претседателот Вучиќ се занимава со логистиката на неговото патување. – Навистина е неверојатно ситуацијата во Европа и во светот да е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со такви работи, како што е логистиката на патувањето на шефот на дипломатијата, што одредува дали ќе дојде или не – изјави Брнабиќ за Пинк. ТВ и додала дека имало проблеми со „прелети“, пишува Danas.rs.
Вучиќ пред два дена изјави дека посетата на Русинот Лавров е веќе закажана, а исходот од посетата е неизвесен додека не се случи. – Можно е се да биде во ред, а можно е и да не биде. Дали се е закажано, се е закажано – рече Вучиќ.










