Секое прваче во Општина Гази Баба ќе добие по 3.000 денари

by Administrator

Сите првачиња што од следната учебна година ќе започнат да следат настава во некое од основните училишта на територија на Општина Гази Баба, ќе добијат финансиска помош во висина од 3.000 денари.

– Ги потпишав првите решенија со кои ќе исплатиме 3.000 денари на семејства кои имаат првоодделенче. Оваа мерка се спроведува за првпат во Гази Баба оваа година. Ги повикувам сите семејства од територија на општината Гази Баба кои имаат првоодделенче, да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Потребни документи се: потврда од основно училиште, извод од матична книга на родени, копија од лична карта на еден од родителите, како и копија од трансакциска сметка.


Sloboden pecat

You may also like