Кон средината на мај на повеќе локации во Скопје почна да се снима турската серија „Балканска приспивна песна“ (Balkan Ninnisi), што привлече големо внимание.

По објавениот прв трејлер за серијата „Балканска приспивна песна“, вчера беше објавен уште еден трејлер.

Турската телевизија TРT 1“ го објави трејлерот во кој можеме да ги видиме убавините на Камениот мост, уникатна и колоритна Стара скопска чаршија…

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=UMadO7hJR9Q[/embedyt]

Серијата ќе допре до искрените, веселите и забавните приказни на балканските луѓе, а несомнено ќе го привлече вниманието и со својата маестрална актерска екипа. Турските актери Ердал Озијагчилар и Озлем Туркад се во главни улоги, како и Хакан Бојав, Кан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓезде Чигачи, Емине Халил, Ертан Шабан и други.

Режисер на серијата е Доан Умит Караџа, познат по режијата на сериите „Долина на Волците – заседа“ и „Збогум Румелија“.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=YqxNzZ0S29c[/embedyt]


Sloboden pecat