Врнежи од град со големина на тениско топче синоќа уништи лозја и други насади во општината Лозово, летаа и покриви од куќи, а настрадаа и соларни панели и покриви на автомобили.

Градоначалникот на општина Лозово, Бошко Цветковски, изјави дека градот удрил по повеќе села, а допрва ќе се утврдува колку ќе чини поправка на штетите.

Утре ќе се одржи вонредна средница на Советот, на која ќе биде формирана и Комисија за проценка на штети.


„Nova Tv“