ОБНОВЕНО Тешка сообраќајка кај Нови Сад, возачот загинал, повредените се од Македонија ВИДЕО

by Administrator

Сообраќајната несреќа во која загинал возач на возило со македонски регистерски таблички се случила околу 11,50 часот на автопатот во Србија кај Нови Сад во близина на клучката Ковиљ, откако возилото се судрило со друг автомобил.

Според српските медиуми има повредени четворица, од кои две деца, државјани на Македонија.

Обновено

На самото место на несреќата загинал возачот на „Пежото“, М.А. (56), државјанин на Хрватска, а повредени се две жени, седумгодишно девојче и 10-годишно момче, сите четворица македонски државјани, јавуваат српските медиуми.

Децата се пренесени во Детската болница во Нови Сад, а жените се згрижени во Клиничкиот центар на Војводина.

Поради големите оштетувањата на „Пежото“, повредените лица од автомобилот ги извлекле пожарникари.

Извор:НоваТВ

You may also like