Во февруари издадени 250 одобренија за градење, едно во Струга, две во Охрид

0
120

Во февруари годинава се издадени 250 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Најмногу нови одобренија, 85, има во Скопскиот регион, по што следат Полошкиот со 53, Југоисточниот со 38,…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.763.961.000 денари, што е за 39,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (55,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11,6 проценти) од нискоградба и 83 (33,2 проценти) за објекти за реконструкција.

На 146 (58,4 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40 405 метри квадратни. Од нив 182 се планирани во Скопје, во Струга 1 и Охрид 2, и двете на физички лица.

 

За повеќе детали од извештајот, кликнете тука


Sloboden pecat