Имајќи го во предвид функционирањето на политичката партија која ги застапуваше сите оние кои се чувствуваа како Торбеши (ПЕИ), како и не функционирањето на здружението кои ги застапуваше Торбешите (ТКНЦ) Румелија, како и претопувањето на дел во Албанци, дел во Турци, некои заради интереси, некои заради одредени симпатии, во екот на попишувањето  оваа бројка можеби за почеток е доволна, иако во ниту еден случај не ја отсликува вистинската реалност.

За жал, ова сеуште се случува во нашава си жална Македонија, и заради тоа ја имаме оваа бројка..  благодарени како што дознаваме по заслуга на лица“торбеши“ кои долго време  “во гради’ се биеа за торбешите, а сега во име на својот интерес,  преку ноќ се претопија во Турци, Албанци и други, само не во она што всушност се..