Државниот завод за статистика (ДЗС) и официјално денес ги објави податоците од Пописот 2021 година, врз основа кој биле попушани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 се нерезидентно.

Податоците покажуваат дека во Македонија живеат 54,25% Македонци, 29,52 % се Албанци, па следат Турци 3,98 %, Роми 2,34, % 1,18, Бошњаци %, Власи 0.44 %.

Од резидентното население Македонци се изјаниле 58,48 %, по што следат Албанци 24,3 %, Турци 3,86, % 2,53, Власи % и Бошњаци 0,87.

Од нерезидентното население, односно граѓани што се надвор од државата повеќе од 12 месеци, 24,45 % се Македонци, 66,36 % се Албанци, 4,39 се Турци, 1,02 се изјасниле како Роми, по што следат 0,35 % Срби и 0,19 % Власи.