Македонија на 10 дена го забрани извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, нивно брашно, но и семе од сончоглед и негово масло за да се заштити домашниот пазар откако било констатирано дека во услови на економска криза за само десет дена од земјава биле извезени 716 тони зејтин, 700 тони пченка, 166 брашно од пченица и пир 166 тони, брашно од наполица два тона, а било извезени и 174 тони брашно од тврда пченица.
Но освен зголемениот извоз на овие продукти од земјава, алармот кај владата за заштитита на резервите кои се во приватни раце ја вклучи и синоќешната одлуката на спрската влада да забрани извоз на пченица, пченка и сончогледово масло, а од која, иако првично беше најавено, Македонија не беше изземена.
Бектеши уверува дека состојбата е стабилна и ги повика граѓаните да не прават залихи бидејќи како што рече мелничката индустрија, но и нафтните компании имаат резерви за да покријат 2-3 месеци, а во стоковите резерви на државата има за да се покрие двојно подолг период.
Од министерството за земјоделие пак велат дека се подготува план со стопанските комори како да се продолжи со увозот на неопходните прехранбени продукти, додека во делот на производството донесена е долука за субвенционира вештачкотот ѓубриво за житните култури, финансиски ќе се помага и нивното складирање, а 7.000 хектари државно земјоделско земјиште кои преку јавен оглас ќе даваат за обработка ќе бидат со назнака дека државата сака да ги стави во функција на производство на житни култури. Сепак не се планира воведување на квоти за производство на овие култури или загарантиран откуп за пополнување на стоковите резерви.









