Од официјалната изјава на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи издвојуваме:

1 „Решението за секоја криза е можно само доколку се утврди основната причина. Во Украина, политиката на САД е таа што создава криза. Соединетите Држави ја одвлечкаа Украина таму каде што е сега, мешајќи во нејзината внатрешна политика, создавајќи обоени револуции, соборувајќи една влада и внесувајќи друга. Научивме две важни лекции од украинската криза.

Првата е дека владите кои се потпираат на САД  треба да знаат дека нивната поддршка е фатаморгана, а не вистинска. Денешна Украина е вчерашен Авганистан. Претседателите на двете земји рекоа дека се потпираат на владите на САД и на Западот, но на крајот бea напуштени.

Втората е дека народот е најважната поддршка на власта. Ако беше консултиран народот на Украина, украинската влада немаше да биде во ваква ситуација. САД се манифестација на незнаење, дискриминација, угнетување и криза во денешниот свет. Во основа, режимот на САД создава кризи, живее од кризи и се храни со различни кризи во светот. Политичките, економските и другите мафии ја контролираат таа земја и ги носат сите претседатели на власт. Тие создаваат кризи во светот за да го максимизираат својот профит“.