Утрово снег врне на Попова Шапка, Маврово, Крушево, Пониква, Пелистер, како и планината Водно во Скопје, но и на сите повисоки места.

На повеќето планински превои во западна Македонија, како и на патниот правец Маврово-Дебар, од рано утрово е забранет сообраќајот за камиони.

Граѓани кои се наоѓаат во Маврово на социјалните мрежи пишуваат дека туристичкиот центар, но и патот кој води кон него, е целосно затрупан од снег, а досега нема ни трага од камиони кои би го чистеле.

„Во текот на ноќта во Маврово падна многу снег. Ни „к“ нема од некаков камион за чистење на снегот. Затрупани сме и не можеме да си дојдеме дома. Патиштата се непроодни. Човек не може да мине, а не кола“, вели еден граѓанин.


Sloboden pecat