Реал Мадрид најверојатно конечно ќе го доведе Килијан Мбапе во летниот преоден рок. Сепак, „кралевите“ немаат намера да застанат тука, бидејќи целта им е да ги засилат нападите со Ерлинг Халанд. Иднината на Мбапе стана јасна бидејќи одбил бланко чек од Пари Сен Жермен за продолжување на неговиот договор кој истекува на крајот од сезоната, тврди „Марка“.
Од друга страна, колку и да е исклучително тешко да се донесе Халанд, Реал ќе се обиде. Посакуваната дестинација на ѕвездата на германската Борусија Дортмунд е и стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“, но многу делови мора да се вклопат на вистинското место за Халанд да му се приклучи на Мбапе. Во Реал веруваат дека Мбапе (23) и Халанд (21) се совршено компатибилни. Овој став, наводно, го дели и фантастичниот Французин, кој може да игра каде било во офанзивната линија за да се прилагоди на упорниот Норвежанец, класичниот број девет.
И за Мбапе и за Халанд е заинтересиран и најголемиот ривал на Реал, Барселона. Каталонскиот претседател Жоан Лапорта во неколку наврати контактирал со блискиот круг на Мбапе за можноста за негов трансфер на Камп Ноу. Иако Мбапе нема да се пресели во Барселона ова лето, сепак на маса е понудата за Халанд. Лапорта соработува со менаџерот на Халанд, Мина Раиол, во обид да ја исполни оваа цел.







