Водата се врати на Крим! Русите ја отстранија браната со која Украинците го блокираа протокот на вода

by Administrator

Експерти од Министерството за одбрана на Русија ја ликвидираа бетонската брана што беше изградена на територијата на регионот Херсон во 2014 година со цел да се спречи дотекот на вода во Крим преку каналот Северен Крим, изјави за Спутник лидерот на Крим Сергеј Аксјонов. „Нашата армија ја уништи браната што ја изградија нацистите, која го блокираше каналот Северен Крим“, изјавил Аксјонов. Како што рече, продолжува работата за воспоставување на доток на вода од Днепар до Крим.

Да потсетиме, Украина претходно обезбедуваше 85 отсто од водата за Крим преку каналот Северен Крим, но по припојувањето на Крим кон Русија, тие еднострано го прекинаа водоснабдувањето и изградија брана.

You may also like