Безбедносната состојба во земјава е стабилна и во моментот не постои директна закана. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита, а се очекува засилување на опасноста од кибер напади по нападот на Русија врз Украина. Внимателно се следи состојбата во Украина, уверува државниот врв во земјава.
Предизвикот кој стои пред земјава е повеќе од економска природа, која е од глобални размери, но од Владата уверуваат дека се подготвени и дека ќе одговорат соодветно со цел да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството.
Државниот врв и вчера со осуда за воената агресија на Русија врз Украина и апел да се прекинат воените дејствија.
– Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното обраќање до јавноста.
– Цените не можеме да ги задржиме, се намалува моќта на секој турист од било која држава да направи одмор од 15 до 20 дена. Вака би направил пет дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања, односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворни, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму, изјави претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.
Според Блажевски, хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина.
– Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности, тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, изјави Османи.
Семејствата на дипломатите, како што информира, се вратени во земјава уште пред две недели, а дипломатите се извлечени последни со цел да им излезат во пресрет на македонските граѓани во Украина и да се издаваат патни листови.
Од МНР апелираат до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност.
Nova Tv
