ПРИШТИНА (АА) – Пратениците во Парламентот на Косово ратификуваа три различни договори за соработка со три различни земји, односно соМакедонија, Црна Гора и Кувајт, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу, истакна дека договорот за заемна правна соработка во граѓанските прашања меѓу Косово иМакедонија има за цел понатамошно зајакнување на соработката во областа на правото во граѓанските и трговските прашања меѓу двете земји и олеснување на законските процедури во оваа област.

„Овој договор се спроведува за прашања што ги вклучуваат процедурите во врска со граѓански статус, семејни прашања, работните односи, прашањата за сопственост и другите граѓански или трговски односи на физички и правни лица“, рече Хаџиу.

Таа нагласи дека страните преку овој договор им гарантираат на граѓаните на другата страна еднаква правна заштита на правата и слободен пристап во судовите и другите органи како за своите граѓани. Исто така, јавните документи издадени од властите на една страна, ќе бидат валидни исто и во другата земја.

Со 80 гласа за, ниту еден против и воздржан, Парламентот на Косово го ратификуваше овој договор, а овој договор, според Хаџиу, веќе е ратификуван од Северна Македонија.

На истата седница, пратениците на Косово го ратификуваа и Договорот за статусот на силите меѓу Косово и Кувајт, како и Договорот меѓу владите на Косово и Црна Гора во контекст на пристапување во ЕУ.

Anadolu Agency